skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Рамадани за изборите во ЕП: Бројот на популистите ќе биде во пораст, но нема да биде одлучувачки

Рамадани за изборите во ЕП: Бројот на популистите ќе биде во пораст, но нема да биде одлучувачки
  • 24.05.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше политичкиот аналитичар Исмет Рамадани кој зборуваше за изборите во Европскиот парламент, посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје и оставката на британската премиерка Тереза Меј.

-Без разлика што најавите се дека популистите ќе имаат подем во овие избори, мислам дека нема да биде токму така. Поаѓам од националните избори во Шпанија каде што победија левите, во Словачка партијата која победи не припаѓа на тие крајните десници, во Холандија победија социјалистите. На овие избори имаме седум групации. Четири големи групации се тие кои се проевропски ориентирани на цело со ЦДУ на Меркел. Бројот на популитистите ќе биде во пораст но нема да биде одлучувачки, рече Рамадани.

Рамадани се осврна и на најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје на 2 и 3 јуни.

-Генералниот секретар првпат доаѓа како наш генерален секретар со цела екипа и тоа значи дека ние дефититивно сме влезени во тоа што значи реално членство на нашата држава во НАТО. Тоа е уште една порка до сите тие земји кои се уште не го ратикфикуваа протоколот за тоа да се забрза, објасни Рамадани.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top