skip to Main Content

Ракетен напад врз руска база во Сирија

Ракетен напад врз руска база во Сирија
  • 20.05.2019

Терористите од исламистичката група Џабат ал Нусра во деескалациската зона на Идлиб се обидоа да ја нападнат руската воздухопловна база „Хмејмим“, соопшти руското Министерство за одбрана.

– И покрај целосниот прекин на огнот од страна на вооружените сили на Сириската Арапска Република од полноќ на 18 мај, терористите од Џабат ал Нусра во зоната за деескалација во Идлиб продолжија со провокации и гранатирање. Беше направен обид да се нападне руската воздухопловна база „Хмејмим“, се наведува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана додава дека терористите од Ал Нусра истрелале шест ракети кон руската база.

Еден ден претходно, рускиот сириски центар за помирување објави дека војниците го прекршиле режимот за прекин на огнот во областа Идлиб 13 пати во еден ден, ранувајќи тројца сириски војници.

Back To Top