skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Путин подготвен за средба со Трамп на Самитот на Г-20

Путин подготвен за средба со Трамп на Самитот на Г-20
  • 15.05.2019

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека можеби ќе има средба со својот американски колега Доналд Трамп на маргините на Самитот на Г-20, што кон крајот на идниот месец ќе се одржи во Јапонија.

Изјавата на Путин следи по вчерашната најава на Трамп дека планира да се сретне со него за време на Самитот на Г-20.

Кремљ во реакција на изјавата на Трамп, денеска соопшти дека Путин „е расположен за состанок“ со американскиот претседател, но дека засега од Вашингтон не е добиено никакво официјално барање за средба.

Путин на заедничка прес-конференција со австрискиот претседател Александер ван дер Белен во Сочи денеска изјави дека Русија е целосно подготвена за нормализација на односите со САД, тогаш кога во Вашингтон ќе се создадат интерни политички услови за нешто такво.

– Подготвени сме, но не зависи од нас, туку од нашите американски партнери. Кога тие ќе бидат подготвени за тоа и кога ќе се промени нивната внатрешна политика за да биде продуктивна, ние сме подготвени на се што е неопходно од наша страна, изјави Путин.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top