skip to Main Content

Путин доцни, пролонгиран почетокот на средбата

Путин доцни, пролонгиран почетокот на средбата
  • 16.07.2018

Финската државна телевизија објави дека поради доцнење на претседателот на Русија, Владимир Путин распоредот на денешниот Самит со американскиот претседател Доналд Трамп би можел да биде сменет за 20 минути.

Според првобитните планови Путин требаше да слета во Хелсинки во 11 часот и 30 минути по средноевропско време, а половина час подоцна да пристигне во претседателската палата, додека Трамп беше планирано да прстигне 10 минути потоа, а билатералната средба да почне во 12 часот и 15 минути.

Колона црни автомобили се паркирани на финскиот аеродром Хелсинки-Ванта и се чека доаѓањето на Путин.

Финските медиуми претходно објавија дека Путин пристигнал во Хелсинки, но Финската државна телевизија претходно јави дека во авионот со натпис „Русија“, што слета на аеродромот Хелсинки-Ванта најверојатно се само членовите на делегацијата на Путин.

Трамп синоќа слета во Хелсинки и утрово се сретна со финскиот претседател Саули Нинисто.

Back To Top