Пукање во Белград – убиен лидерот на навивачите на Партизан – „Гробари“

Вечерва во близина на бензинска пумпа во Врачар, Белград е застрелан 37-годишен маж со два куршуми во главата.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, станува збор за кик-боксерот Љубомир Марковиќ Киќи, кој бил и лидер на навивачите на Партизан, а кај него исто така било пронајдено оружје.
Силни полициски сили се се уште на терен, а блокиран е целиот крај и околината во потрага по убиецот, информираат српските медиуми.
Како што пишуваат тамошните медиуми, испукани биле 8 куршуми. Марковиќ се обидел да му избега на убиецот трчајќи кон блиската бензинска пумпа каде паднал погоден, а потоа убиецот му пришол и му испукал уште еден куршум во глава.
Марковиќ беше познат како еден од навивачите на Партизан кои го усмртија навивачот на Тулуз, Французинот Брус Татон кој беше брутално убиен во Белград. Првично доби 30-годишна, а потоа 15-годишна затворска казна, за да излезе од затвор во 2017 година.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.