skip to Main Content

Протест на косовските Срби денеска во северна Митровица

Протест на косовските Срби денеска во северна Митровица
  • 27.11.2018

Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) повика на протест , кој ќе се одржи денеска на пладне во северна Митровица, поради одлуката на Вадата на Косово за зголемување од 100  насто на таксите за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговин.

Одлуката е донесена на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово – Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. На состанокот е утврдено дека состојбата на српското население во овој дел од земјата станува се потешка и почнува да се забележува недостаток на основните животни продукти и на лекови.

Потпретседателот на СЛ Игор Симиќ информира дека, пред протестот, денеска во четирите општини ќе се одржат седници на општинските совети, со една точка на дневниот ред: Политичката и безбедносната ситуација.

– Што се онесува до другите мерки и активности на Кризниот штаб, тие ќе зависат пред се од состојбата со снабдувањето, пре се на Клиничкиот центар и на Студентскиот центар во Митровица, како и на другите институции, посебно на оние чие снабдување зависи од Србија, изјави Симиќ.

Back To Top