skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Пред зградата на Претседателството на Србија е мирно – демонстрантите ги затворија сите влезови

Пред зградата на Претседателството на Србија е мирно – демонстрантите ги затворија сите влезови
  • 17.03.2019

Пред зградата на српското Претседателство од околу 15.00 е мирно, тензиите се намалени додека дел од учесниците во демонстрациите седат во паркот. Околу зградата на Претседателството е распоредена жандармеријата. Демонстрантите ги затворија сите влезови во зградта на Претседателството во обид да не дозволат претседателот Александар Вучиќ да го напушти објектот.

Претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојзуот за Србија, Бошко Обрадовиќ, денеска изјави дека се собрале пред Претседателството на Србија да го повторат барањето за оставка на целиот државен врв и дека РТС треба да му се врати на граѓаните на Србија и дека на опозицијата и организаторите на протестот „Еден од петте милиони” да им се дозволи да зборуваат во вечерните вести на РТС.

Тој рече дека на српскиот претседател Александар Вучиќ нема да му дозволат да излезе од зградата на Претседателството.

– Денес сме тука за да го испратиме, и да му порачаме -оставка, оставка, оставка, рече Обрадовиќ и ги повика жителите на Белград да им се придружат на демонстрантите пред Претседателството.

Тој рече дека „Вучиќ е опколен” и дека тој може само да излезе од зградата низ „глувчешки канали”.

Обрадовиќ додаде дека нема повлекување „се додека не му се види крајот на овој режим“.

– Ова е добар народ кој има лоша власт. Мора заедно да ја ослободиме Србија, нагласи Небојша Зеленовиќ, претседател на Заедно за Србија.

Драмскиот писател Синиша Ковачевиќ реќе дека Александар Вучиќ „веќе не е претседател“ и дека тие „ќе го известат за тоа“.

-Вучиќ веќе не е претседател, само тоа не му го кажале. Ние ќе го известиме за тоа, нагласи Ковачевиќ.

Српскиот перетседател Александар Вучиќ изјави дека државата не толерира насилство и истакна дека ќе одговараат сите кои учествувале во насилствата за време на синоќешниот упад во РТС.

Вучиќ изјави дека очекува поддршка само од својот народ и не го интересираат реакции на западни амбасади.

-Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што го пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира – рече Вучиќ.
Тој неколкупати го повторни зборот „фашисти“ мислејќи на претставници на опозицијата.

Вучиќ потоа објави фотографија на Инстаграм на која игра шах со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во претседателството

Српскиот претседател Александар Вучиќ посочи на Инстаграм профилот Иднината на Србија дека во Србија дека не треба да постои страв и дека тој ќе одговори на насилството на најдобар можен начин.
„Србија е демократска земја, Србија е правно регулирана земја, и Србија ќе може да одговори на насилство согласнотој принцип”, пишува на тој профил на Инстаграм.

Лидерите на Сојузот за Србија, чии приврзаници денеска ги блокираа сите влезови на зградата на Претседателството, побараа заминување на актуелната власт, итно разрешување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Ана Брнабиќ, претседателот на Собранието, Маја Гојковиќ и одржување слободни избори на сите нивоа.

Полицискиот синдикат на Србија ги повика полицајците да одбијат наредба за употеба на физичка сила врз демонстрантите во Белград, ако добијат таква наредба.

„Надвор од неговата надлежност Небојша Стефановиќ, со својата наредба, ги доведе во животна опасност граѓаните и самите полицајци, се вели во соопштението на синдикатот.

Синдикатот на полицијата ги повика демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата, туку да покажат почит, а полицијата ќе биде на страната на народот.

„Полицијата треба да се придржува кон Уставот и законите, а не волјата на политичарите“, се вели во соопштението.

Воениот синдикат на Србија денеска објави дека за инцидентот во РТС се одговорни и власта и опозицијата, и дека ниту еден од учесниците во мировниот протест не знаел за намерата на некои политичари да се упадне во РТС.

„Ароганцијата во провоцирање на луѓето кулминираше минатата ноќ, а емитувањето серијата на првата програма на РТС за време на народна ескалација е врв на безобразлукот и понижување“, нагласуваат од Синдикатот.

Во соопштенеито се додава дека армијата е секогаш е со народот и луѓето на власт мора да знаат дека не треба да употребуваат сила против народот.

„Тоа мора да им биде јасно на оние кои се на чело на војската кои носат важни одлуки и кои треба да го штитат уставниот поредок, а не поединците на власт”, се вели во соопштението

Прекршочен суд во Белград денеска осуди на затворска казна од 30 денови едно 19-годишно момче за кршење на Законот за јавен ред и мир во врска со упадот синоќа во зградата на РТС. Во Прекршочниот суд има уште четири лица и дека до крајот на денот судот треба да донесе одлуки за нивните предмети.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top