skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Предлог-закон во Турција за запирање на недозволената трговија со органи

Предлог-закон во Турција за запирање на недозволената трговија со органи
  • 13.11.2018

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на владејачката Партија на правда и развој Ахмет Демирџан во турскиот Парламент поднесе предлог-закон со кој треба да се стави крај на илегалната трговија со органи.

Турскиот парламент неделава ќе расправа за предлог-законот, со кој ќе се дефинираат условите за донирање и примање органи за трансплантација. Потребата од тој закон произлегува по се позачестените извештаи во медиумите за Турци кои продаваат бубрег на црниот пазар.

Според нацрт-законот, се укинува  и условот дека треба да се биде во брак најмалку две години за сопругот или сопругата да си донираат или да добијат орган од сопружникот. Исто така е предвидено да се формираат посебни етички комитети во окружните центри каде што има центри за трансплантација.

Back To Top