skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

По состанокот со американската делегација, Тачи го посети лидерот на опозицијата

По состанокот со американската делегација, Тачи го посети лидерот на опозицијата
  • 28.02.2019

Претседателот на Косово, Хашим Тачи доцна синоќа го посети лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа со цел, како што беше објавено, да го информира за средбата што тој и премиерот Рамуш Харадинај ја имаа со претставниците на американскиот Национален совет за безбедност.

Неофицијални информации за ненајавената и ненадејна средба на Тачи со опозицискиот лидер и поранешен премиер, прво објавија приштинските медиуми, кои шпекулираат дека целта на претседателот е да обезбеди ново парламентарно мнозинство, кое ќе го смени Харадинај и ќе ги исполни барањата на САД за укинување на таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Информацијата за средбата Тачи-Мустафа подоцна ја потврди и портпаролот на ЛДК, Бесиан Зенели, кој информира дека средбата, на барање на Тачи, се одржала во домот на Мустафа.

– Можам да потврдам дека, на барање на претседателот Тачи, претседателот Мустафа се сретна со него во својот дом, при што беше информиран за денешната посета на двајцата официјални претсавници на САД и нивните барања упатени до владејачката коалиција, изјави Зенели.

Посетата на Тачи кај Мустафа уследи по средбата што тој, заедно со премиерот Харадинај, ја имаше со шефот за европски прашања на Советот за национална безбедност на САД, Џон Ерат и директорот за Балканот на таа државна институција, Брад Беркли.

На состанокот, како што беше објавено, станало збор за односите меѓу Приштина и Белград, при што претставниците на Вашингтон, кои претходните два дена престојуваа во Србија, го повториле барањето до косовската Влада да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Тачи, според соопштение од неговиот кабинет, го поддржува барањето на Вашингтон за укинување на таксата и побарал од државните институции „што поскоро да преземат конкретни дејствија согласно пријателските совети на САД“.

Од друга страна, премиерот Харадинај повторно го одбил барањето за укинување на таксата, повторувајќи дека тоа ќе се случи само откако Србија ќе ја признае независноста на Република Косово.

Харадинај по средбата, преку својот Фејсбук, објави дека на американските претставници им рекол оти „Косово е подготвено за законски обврзувачки договор со Србија кој ќе резултира со меѓусебно признавање во постоечките граници“, како и дека „Косово е подготвено за преземање на правата и обврските од зачленувањето во НАТО, во Обединетите нации, Европската унија и другите меѓународни организации, како и за добрососедски односи“.

Back To Top