skip to Main Content

Помпео пред средбата со Путин: За нешто ќе се согласиме, за нешто не

Помпео пред средбата со Путин: За нешто ќе се согласиме, за нешто не
  • 14.05.2019

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави порака на Твитер пред денешната средба во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи дека одговорност на функционерите на двете земји „во национален интерес, е да пронајдат начин да се оди напред“.

– Моите состаноци во Русија ќе истакнат неколку важни теми. За некои прашања можеме да се согласиме, за некои не, но кога се во прашање националните интереси на земјите, наша е одговорноста да најдеме начин да одиме напред, напиша Помпео на Твитер.

Ова е прва посета на Помпео на Русија во својство на шеф на Стејт департментот.

Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си во текот на викендот, Помпео изјави дека планира да разговара со Путин и Лавров за ситуацијата во Венецуела и оти ќе настојува да најдат заеднички став за прашањата за Сирија и за Авганистан.

Back To Top