skip to Main Content

Помпео го обвини Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

Помпео го обвини Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија
  • 15.09.2019

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го обвини Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки, откако ја исклучи вмешаноста на Јемен и го критикуваше официјален Техеран дека се занимава со лажна дипломатија.

-Техеран стои зад речиси 100 напади врз Саудиска Арабија, додека Рохани и Зариф се претвараат дека се вклучени во дипломатијата, напиша Помпео на својот Твитер профил.

И покрај сите повици за деескалација, Иран сега почна напад без преседан против светското снабдување со енергија, додаде Помпео, не нудејќи докази за потеклото на нападот, пренесуваат британските медиуми.

Припадниците на јеменското племе Хути вчера ја презедоа одговорноста за нападите со дронови врз погоните на компанијата „Сауди Армако“, соопшти воениот портпарол на Хутите.

Локалната телевизија Ал Масирих, блиска до оваа бунтовничка група, јави дека Хутите употребиле 10 дронови за напади врз нафтените постројки и порачале дека ќе ги прошират нападите врз Саудиска Арабија, која ја предводи коалицијата против нив во Јемен.

Саудиска Арабија претходно соопшти дека две нивни постројки биле нападнати од дронови кои предизвикале пожари, но не наведе кој стои зад нападот.

Пожари избувнаа во рафинеријата на Армако и на нафтеното поле Хураис.

Back To Top