skip to Main Content

Поднесено судско барање за ставање под заштита на алжирскиот претседател Бутефлика

Поднесено судско барање за ставање под заштита на алжирскиот претседател Бутефлика
  • 09.03.2019

Барањето е поднесено пред швајцарскиот суд за ставање под заштита на алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика, кој во моментов се лекува во Швајцарија и чија кандидатурата за петти мандат доведе до демонстрации во Алжир, но и во Франција каде живее голема алжирска дијаспора.

Во оваа барање , поднесено пред Судот за заштита на возрасни и деца во Женева, адвокат Саскиа Дитишејм, претседателот на швајцарската филијала на невладината организација Адвокати без граници, побара да бидат назначени еден или повеќе старатели поради здравствената состојба на Бутефлика. Не е познато дали швајцарскиот суд ќе прифати да го разгледа барањето и дали истото има шанса да биде прифатено.

Адвокатот, вели дека делува во име на неидентификувана алжирска државјанка, Тој тврди дека „изнемоштениот” Бутефлика се изложува тоа да биде „манипулиран” од неговата придружба. Тој смета „дека е очигледно дека алжирскиот претседател сега е неспособен да расудува, дека е во многу лоша здравствена состојба, и дека сите негови постапки, и поднесување на неговата кандидатура, соопштенијата за медиумите не се направени од него, туку од неговата политичка и семејна придружба која го манипулира “.

– Кураторите треба да назначени надвор од кругот на претседателот и тие нужно мора да бидат неутрални и ослободени од какви било потенцијални конфликти на интереси”,вели адвокатката.

Директорот на кампањата на Бутефлика, Абделгхани Заалан, во четвртокот изјави дека неговата здравствена состојба не предизвикува „никаква загриженост”.

Со барањето за старателство се бара да „се овластат старателите да ги ослободат  докторите на универзитетските болници во Женева” од „тајноста на медицинската доверливост” во однос на алжирскиот претседател. И “да им дозволат да издадат” лекарско уверение за неговата способност да управува со  земјата “.

Се бара исто така  „да сите официјални документи во име на Бутефлика бидат предмет на претходна согласност од старателите,  за да се гарантира дека тие зборови всушност се негови“.

Back To Top