skip to Main Content

Песков: Ќе одговориме соодветно на ширењето на НАТО кон нашите граници

Песков: Ќе одговориме соодветно на ширењето на НАТО кон нашите граници
  • 28.05.2018

Москва е подготвена да одговори на ширењето на силите на НАТО кон границте на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриој Песков.

Изјавата е дадена како коментар на предлогот на Полска на нејзина територија да се изгради постојана американска воена база.

– Генрално кога силите на НАТО се приближуваат до нашите граници, тоа сигурно не придонесува за безбедност и стабилност на континентот на кој било начин. Спротивно на тоа, тие чекори на проширување сигурно ќе резултираат со контрамерки од руска страна за да се избалансира односот што со тоа се нарушува, изјави Песков.

Според него, американска воена база во Полска е суверена одлука, но последиците по безбедноста на целиот континент се евидентни.

Полска сака постојана американска база на своја територија и подготвена е да плати две милијарди долари за тоа да го оствари, пишува полскиот портал „Онет“, кој имал увид во тој предлог на полското Министрерство за одбрана.

Полското Министерство потврди дека таков предлог е испратен до Вашингтон без консултации со Министерството за надворешни работи, како и без знаење на претседателот Анджеј Дуда, кој воедно е и врховен командант на земјата, пренесува портаолот „Политико“.

Порталот оценува дека понудата е одраз на долгогодишната желба на Варшава за изградба на потесна безбедносна соработка со САД, која се зголеми по руското припојување на Крим пред четири години и ставот на Русија кон Алијансата.

Back To Top