skip to Main Content

Пацоли: Новиот премиер ќе го укине данокот, освен тврдоглавиот Харадинај

Пацоли: Новиот премиер ќе го укине данокот, освен тврдоглавиот Харадинај
  • 02.10.2019

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, рече дека секој што  ќе стане Премиер на Косово по изборите, кои ќе се одржат во недела на 6 октомври, ќе донесе одлука да го укине данокот за српската стока. Единствен исклучок направи за премиерот во заминување Рамуш Харадинај, кого го опиша како тврдоглав.

„Кога започнавме да разговараме за изборите, бев поканет на јавно телевизиско шоу, и прашање беше што следно ќе правам со данокот. Повторувам, тој победник на изборите, идниот премиер кој вели дека ќе го задржи данокот, лаже. На најхуман начин, можам да кажам: „Исклучок е Харадинај, затоа што јас го познавам како тврдоглав и кога тој нешто поправа, го поправа до крај. Тој не мрда“, рече Пацоли.

Според него данокот ќе го укинат и тие што го подржаа, и рекоа дека нема да го укинат.

За Харадинај рече дека и тој може да го прекрши ветувањето , но дека ќе продолжи со данокот.

„Мислам дека тој неможе без данокот, но може и да го укине ако сака да размислува пошироко, додека останатите ќе го укинат данокот и ќе отворат простор за дијалог. Тоа е реалноста, сепак да почекаме да завршат изборите” рече Пацоли.

извор:локално.мк

Back To Top