skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Пацоли бара Албанија да се вклучи во дијалогот на Косово и Србија

Пацоли бара Албанија да се вклучи во дијалогот на Косово и Србија
  • 14.09.2018

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли на денешната средба со неговиот албански колега Дитмир Бушати побарал Албанија да се вклучи во дијалогот меѓу Косово и Србија.

Тој го информирал Бушати за досегашниот тек на дијалогот и оценил дека договор со Белград треба да се постигне што побрзо, јавува Анадолија.

– Конечната фаза од дијалогот Косово – Србија почна, имаше три состаноци. Иако е многу тежок, мора да продолжи. Ќе биде временски ограничен, нема да трае десетици години и заклучоците мора да бидат донесени што побрзо. Тоа е неопходно и за Србија и нејзините интеграции, но и за Косово, рече Пацоли.

Тој истакна дека во дијалогот со Србија се е отворено, но имајќи предвид дека Косово е држава која прогласи независност во 2008 година на своја територија и дека тие граници мора да се почитуваат и заштитуваат.

Пацоли рече дека од Албанија побарал да „не седи со скрстени раце“ и само да набљудува што се случува, туку да биде таму – или јавно или зад кулисите.

– Ако може Европската унија да биде присутна и САД, зошто не и Албанија? Албанија може да даде голем придонес, оцени Пацоли.

Бушати истакна дека Албанија секогаш го поддржувала процесот на дијалог, без оглед на тоа кој бил или е на власт во Косово или во Албанија.

– Нашата девиза во Албанија е дека Косово е секогаш на прво место и до таа девиза верно се придржуваме, без оглед на различните политички позиции кои политичките актери во Албанија можат да ги имаат во врска со локалните прашања. Кога станува збор за ова прашање, ние демонстриравме единство и солидарност, потенцираше Бушати.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top