skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Партијата на Чамите“ бара истрага за тврдењата за финансирање на албански медиуми од грчки тајни фондови

„Партијата на Чамите“ бара истрага за тврдењата за финансирање на албански медиуми од грчки тајни фондови
  • 20.10.2018

Албанската опозициска Партија за правда, интеграција и единство (ПДИУ), позната како „партија на Чамите“, побара од претседателот на Албанија, Илир Мета да го свика Советот за национална безбедност, бидејќи, како што оцени, земјата се наоѓа во „вонредна национална состојба“.

Повикот на ПДИУ доаѓа ден откако грчки медиуми објавија дека Министерството за надворешни работи на Грција финансирало албански и македонски медиуми од тајни фондови.

– Денес се наоѓаме во вонредна национална состојба и тешки обвиненија за национално предавство. Под овие услови, го повикуваме претседателот итно да го свика Советот за национална безбедност за да ги ангажира сите агенции за спроведување на законот да поведат истрага и да ги стават во затворска ќелија оние што добиле пари, бидејќи само за еден месец им се доделени повеќе од еден милион евра. изјави лидерот на ПДИУ, Шпетим Идризи.

Тој го повика државниот јавен обвинител под итно да спроведе истрага за тврдењата за финансирање на портали, весници, телевизии, бизнисмени и невладини организации од наводни тајни црни фондови од министерствата за надворешни работи и за одбрана на Грција и од грчките тајни служби.

– Каде инвестирале? По која цена? Кои се ставовите што ги имаат овие медиуми? Кои лица лично се вмешани во оваа операција?, запраша Идризи.

Лидерот на ПДИУ во јануари годинава обвини дека од таен фонд на грчкото Министерство за надворешни работи се слевале „валкани пари“ во медиумите и порталите во Албанија, со цел да објавуваат содржини против прашањето за протераните Чами од Грција.

– Многу добро знам дека влијанието на Грција е големо и во албанските медиуми. Албанија денес и секој ден ќе биде уште посилна и затоа не ги држете оние што ги предаваат интересите на Албанија, порача тогаш Идризи.

Back To Top