skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Се интензивираат кампањата и подготовките за референдумот на 30 септември
Иванов нема да гласа на референдумот
Селцас: Договорот од Преспа ќе помине и покрај национализмите од двете страни
Нова група американски волонтери пристигнува во Македонија
Протести во Германија пред посетата на Ердоган
Тереза ​​Меј: Британија ќе остане ладнокрвна во преговорите за Брегзит
Бенон: Ултрадесничарските патриоти се новата елита на Европа
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; BOOM

Партијата на Мета не сака да ја спасува Владата на Рама

Партијата на Мета не сака да ја спасува Владата на Рама
  • 12.07.2018

Албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), чиј основач е актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета денеска порача никогаш нема да биде дел од некакви пазарења за спас на Владата на премиерот Еди Рама.

– Нема и нема да има никаков договор или разговори за да продолжи агонијата на оваа Влада, која е потоната во криминал, илегална трговија и корупција и се обидува да се спаси преку манипулации. Нашата партија била и ќе биде дел од секоја средба на која тема е подобрувањето на животот на Албанците и заминувањето на кликата на Еди Рама, напиша лидерката на ЛСИ, Моника Круемади на нејзиниот профил на Фејсбук, по апелите на меѓунардоните претставици за соработка меѓу власта и опозицијата.

Круемади, кој е и сопруга на Мета, посочува дека сите напори за вклучување на ЛСИ во разговорите едноставно сe „дел од болната фантазија на Еди Рама“, кој според неа, „денес е повеќе од кога било подготвен да купи и продаде се во име на власта“.

Таа нагласи дека на Рама треба да му биде повеќе од јасно дека за да ја спаси премиерската фотелја никогаш нема да има помош од ЛСИ.

– Ќе продолжиме да бидеме дел од обединетата опозиција, со јасна и прецизна цел, отстранување на бандитската власт на Еди Рама. Да го спасиш денес Еди Рама би значело уништување на иднината на Албанците, а овој грев опозицијата не може да го превземе на свој грб, наведува Круемади.

Идентичен став претходно, гостувајќи на тиранската телевиизја Ора њуз, изнесе и потпретседателот на ЛСИ, Петрит Васили, додека нивниот сопартиец и пратеник Шезаи Рокај смета дека на Албанија и е потребна стабилна влада на широка основа, бидејќи сегашната потрфлила во секој аспект.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top