skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Париз го тужи Ербиенби

Париз го тужи Ербиенби
  • 12.02.2019

Градот Париз го тужи Ербиенби (Airbnb) за 12,5 милиони евра поради повеќе од 1.000 реклами за, како што тврди, нелегално изнајмување имот.

Сопствениците на живеалишта во градот можат да ги изнајмат своите имоти само 120 дена годишно. Тие мора да се регистрираат како правни лица и да го прикажат нивниот регистарски број на секое рекламирање.

Според францускиот закон, компаниите можат да бидат казнети со парична казна до 12.500 евра за секоја објава.

Ербиенби соопшти дека правилата во Париз се „неефикасни, непропорционални и спротивни на европските правила“.

Според извештајот на поратолот за статистика и истражување на пазарот „Статиста“ за 2018 година, Париз е втората најпопуларна дестинација на Ербиенби во однос на активни имоти, а Лондон е на врвот.

На својата веб-страница Ербиенби информира дека откако некој имот е резервиран за 120 ноќевања во еден од 18-те француски градови каде што се применува правилото, календарот ќе биде блокиран така што нема да може да се направат повеќе резервации.

Back To Top