skip to Main Content

Падобранец удри во бандера и остана да виси пред кралот

Падобранец удри во бандера и остана да виси пред кралот
  • 13.10.2019

Воената парада во Мадрид, по повод националниот празник, ја одбележа „судир“ на падобранец со бандера, кој наместо да слета пред кралот и свечено да му го предаде шпанското знаме, остана да виси.

Публиката која во ѓиво ја следеше вчерашната парада, но и оние кои преку телевизија ја следеа, сведочеа на мал инцидент, кога падобранот се закачи за бандерата и падобранецот остана да виси наместо да слета на трибината пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки.

Како поддршка за падобранецот, кралското семејство започна да му аплаудира. Потоа, војникот го испушти големото знаме на Кралството Шпанија за да се подигне на време во знак на одбележување на пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година.

Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен падобранец со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето.

Back To Top