skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ОН почнаа истраги за напади во Авганистан во кои беа убиени цивили

ОН почнаа истраги за напади во Авганистан во кои беа убиени цивили
  • 26.09.2018

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан го истражува загинувањето на 21 цивил при напади во текот на викендот, за кои се смеат дека се извршени од американски борбени авиони, вклучени во акциите за поддршка на операциите на авганистанската армија против талибанците.

Истрага за нападите почнаа и авганистанската армија, како и американските сили.

– Ги анализираме сите оперативни, разузнавачки податоци за нашите операции во Вардак, вклучително и податоците добиени од нашите авганистански партнери. Бунтовниците честопати користат вакви обвинувања за да предизвикаат раскол меѓу армијата и населението, изјави потпаролот на американските сили во Авганистан, Грент Нили.

Во едниот инцидент, во областа Вардак, загинаа 10 деца на возраст од шест до 15 години, како и две жени – сите членови на едно семејство. Во неделата, пак, во воздушен напад во областа Каписа беа убиени четири деца и три жени, како и девет талибански бунтовници

Back To Top