skip to Main Content

Околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими пренесени во Атина

Околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими пренесени во Атина
  • 08.10.2019

Со брод на воената морнарица на Грција околу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими доцна синоќа пристигнаа на атинското пристаниште Пиреа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

На малиот грчки остров не постои организиран бегалски камп или прифатен центар, па така според истите информации, бегалците и мигрантите кои пристигале од турското крајбрежје престојувале пред полициската станица и крајбрежната служба, како и на улиците на Сими, jави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од грчката Влада, во текот на викендот, односно во саботата и неделата, на островот Сими пристигнале 142 лица.

Back To Top