skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Обрадовиќ: За Србија е подобро австриското сценарио, отколку македонското, украинското….

Обрадовиќ: За Србија е подобро австриското сценарио, отколку македонското, украинското….
  • 27.06.2019

Претседателот на движење Двери, Бошко Обрадовиќ изјави денеска дека за Србија е „далеку подобро австриско сценарио отколку македонското, украинското или турското сценарио, каде што само после една афера на заменик-премиерот и министер за внатрешни работи падна целата Влада на таа земја.“

Обрадовиќ во писмената изјава наведе дека во Србија за само десет дена се случиле четири големи афери, поради кои би требало да падне Владата.

-Министерот (за земјоделие, шумарство и водостопанство) Бранислав Недимовиќ соопшти дека нема опасност од поплави, а поплавите предизвикаа огромни штети. Министерот (за образование) Младен Шарчевиќ рече дека нема да има проблеми со уписите во средните училиште, а матурскиот испит по математиката повторно беше провален… Министерот (за здравство) Златибор Лончар беше означен како соработник на два мафијашки картели од страна на поранешниот началник на Управата на крим-полицијата, додека за заменик-премиерот и министер за внатрешни работи (Небојша Стефановиќ) се појави голема афера според која не само што е плагијат неговиот докторат, туку дека и купил факултетска диплома, што значи дека факултет никогаш и нема завршено, а станал доктор на науки, рече Обрадовиќ.

Лидерот на опозицијската Двери оцени дека овие работи, како и нерастичените афери во врска со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, и министерот за одбрана, Александар Вулин, се доволни за да падне целата влада.

-Според примерот на добрата практика од Австрија -се наметнува логично решение да се формира преодна Влада составена од непартиски личности и да се оди на избори на сите нивоа следната пролет, сметајќи ги тука и вонредните градски избори во Белград, поради колапсот во целата престолнина. Клучен предуслов за овие избори да бидат слободни е веднаш да се ослободат медиумите за дебата меѓу владата и опозицијата. А потоа – со останатите фер и слободни изборни услови – нака победи подобриот, порача Обрадовиќ.

Тој оцени дека властите во Србија мора да бидат свесни дека избегнувањето на мирното решавање на актуелната политичка криза може да доведе до граѓански немири и судири, како и дека политичките промени не можат да се сопрат, особено не со помош на криминалци и тепачи.

Back To Top