skip to Main Content

Ново апсење поради пожарите во Грција

Ново апсење поради пожарите во Грција
  • 01.08.2018

Грчката полиција уапси 35-годишен маж под обвиненија дека подметнувал пожари во областа Маратон, додека истовремено беснееја пожари во Мати.

Обвинетиот пружил отпор при апсењето и се обидел да побегне, а како што пренесува државната агенција АНА-МПА, се верува дека и признал на полицијата дека сака да подметнува пожари и да ги гледа пожарникарите додека се обидуваат да ги изгаснат.

Се претпоставува дека со запалка подметнал пет пожари во Маратон, од кои два на 26 јули.

Back To Top