skip to Main Content

Нови жртви во појасот Газа

Нови жртви во појасот Газа
  • 14.04.2018

Четворица палестински милитанти биле убиени во експлозија во областа Газа денеска, јавија локалните палестински власти според кои најверојатно се работи за граната истрелана од израелски тенк.

Инцидентот се случил во близина на градот Рафах, на југот на појасот Газа. Според локални жители, убиените биле припадници на групата Палестински исламски џихад, но засега нема потврда за тоа од страна на групата. Тензиите се на високо ниво во Газа во изминатите две недели, поради обидите на групи Палестинци да ја пробијат обезбедената граница со Израел. Над 30 Палестинци беа убиени, а стотици ранети во безмалку секојдневните инциденти.

Back To Top