skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Нема план за укинување на гласањето со консензус во ЕУ за проширувањето

Нема план за укинување на гласањето со консензус во ЕУ за проширувањето
  • 24.10.2018

Европската Комисија вчера ги откри своите планови за преминување на гласање од консензус на квалификувано мнозинство во одреден број области.

За разлика од шпекулациите кои кружеа во јавноста дека оваа реформа ќе се однесува на проширувањето и приемот на нови земји членки во ЕУ, документот објавен вчера посочува дека „Европската Комисија ќе бара повеќе гласање со квалификувано мнозинство во областа на енергијата, климата, даноците и социјалната политика“. Никаде во новата работна програма на ЕК не се споменуваат надворешната политика и проширувањето во овој дел.

Предлогот на Европската Комисија е дел од редовната годишна работна програма на оваа институција која беше објавена вчера и во која се најавуваат политичките цели кои извршната власт ќе се обиде да ги постигне во наредната година.

Освен предлогот за гласање со квалификувано мнозинство во одредени области, Европската Комисија планира да презентира „ограничен број на нови иницијативи“, вкупно петнаесет, од кои сите ќе бидат незаконодавни, освен оние кои се однесуваат на Брегзит. Ова е согласно волјата на претседателот на Европската Комисија да се намали обемот на законодавни регулации во ЕУ.

ЕК изрази волја да се фокусира на постоечките законски иницијативи, на имплементација како да укинат седумнаесет предлози со цел подобрување на ефикасноста на фунцкионирањето на Европската Унија во делот на одлучувањето.

Во наредната година, која е изборна во ЕУ, извршната власт сака да се фокусира, меѓу другото, на развој на вештачката интелигенција во Европа и да предложи акционен план за дезинформации. Другите амбиции на ЕК ја вклучуваат, на пример, животната средина, здравството, економијата, миграцијата и владеењето на правото.

Новите политички приоритети на Европската Комисија се фокусираат на зајакнување на улогата на ЕУ на глобалната сцена и зајакнување на демократските процеси, стои во документот на ЕК.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top