skip to Main Content

Неколку ракети експлодирале во близина на американската амбасада во Ирак

Неколку ракети експлодирале во близина на американската амбасада во Ирак
  • 27.12.2018

Неколку минофрлачки ракети експлодираа во близина на американската амбасада во Ирак, која се наоѓа во строго обезбедуваната Зелена зона во Багдад, пишува порталот „Шафак њуз“.

Инцидентот се случил само неколку часа по завршувањето на ненадејната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Ирак.

Веднаш по ракетирањето, обезбедувањето на американската амбасада одговорило со предупредувачки истрели. Повеќе детали за нападот не се соопштуваат.

Back To Top