skip to Main Content

Невреме во САД однесе четири животи

Невреме во САД однесе четири животи
  • 15.04.2018

Силно невреме со ветар, снег, дожд и град го погоди централниот дел од САД. Загинаа најмалку четири луѓе, илјадници домаќинства останаа без струја, а големи проблеми имаше во воздушниот и патниот сообраќај.

Во Луизијана загинаа две лица, меѓу кои и двегодишно девојче кога врз камп куќичката во којашто спиело паднало големо дрво. Во Висконсин и во Ајдахо, откако изгубиле контрола врз возилата поради лошите услови на патот загинаа жена и возач на камион.

Лошото време продолжува и денеска во Минесота, Висконсин и Мичиген пред да се префрли во Њујорк и Нова Англија. Во северен Висконсин паднаа дури 46 сантиметри снег, а во Чикаго, жителите се предупредени на бранови и до 5,5 метри на езерото Мичиген.

Back To Top