skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Бројот на жртвите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 384

Бројот на жртвите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 384
  • 29.09.2018

Индонезиските власти соопштија дека бројот на жртвите во силниот земјотрес и цунами во градот Палу на островот Сулавеси се зголемил на 384 лица, стотици луѓе се повредени, и урнати се илјадници домови.

Портпаролот на владината агенција за вонредни ситуации Сутопо Пурво Нугрохо, истакна дека се работи само за број на жртви во Палу, и дека земјотресот и цунамито погодиле два града и неколки населби на Сулавеси.

Нугрохо рече дека исчезнале „од десетици до стотици луѓе“ кои учествувале на локалниот фестивал кој  се одржувал на плажата и додадека дека меѓу исчезнатите се многу танчери и забавувачи од фестивалот.

Локалните власти информираа дека и утрово продолжиле силни афтершокови, откако градот, кој живее од туризам, го погодија бранови повисоки од три местри кои ги предизвика вчерашниот земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Индонезиските власти се уште немаат информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Во Донгала и Палу живеат повеќе од 600.000 луѓе.

Back To Top