skip to Main Content

Најмалку 18 полицајци се убиени при напад на талибанци во две провинции во Авганистан

Најмалку 18 полицајци се убиени при напад на талибанци во две провинции во Авганистан
  • 08.08.2018

Најмалку 18 полицајци загинаа во две провинции во Авганистан, јужно од главниот град Кабул.

– Најмалку 14 од нив, вклучувајќи и двајца локални полицајци, беа убиени во долината Киагх во провинцијата Газни откако талибанците нападнаа неколку контролни пункта. Нападот предизвика пожар, чие гасење траеше повеќе од два часа, изјави Насир Ахмад Факири, член на провинцискиот совет.

Насир и друг член на советот потврдија дека имало и ранети полицајциј.

Од соседната провинција Логар, стигнаа контроверзни извештаи дека биле убиени најмалку четири полицајци во регионот Азра.

Член на провинцискиот совет Хасибула Станакзај изјави  дека воздушниот напад по грешка ги погодил полицајците додека ја попречувале офанзивата на талибанците.

Станакзај изјави дека речиси 300 талибанци извршиле координиран напад врз центарот на регионот од различни правци

Back To Top