skip to Main Content

Најмалку пет лица загинаа во поројните дождови на островот Мајорка

Најмалку пет лица загинаа во поројните дождови на островот Мајорка
  • 10.10.2018

Најмалку девет лица загинаа во поројните дождови и поплави во гратчето Сант Лоренс на шпанскиот остров Мајорка, соопшти шпанската Служба за вонредни ситуации.

Меѓу жртвите има двајца британски државјани. Најмалку 12 лица се уште се водат за исчезнати по синоќешните поројни дождови.

Според властите, интензитетот на врнежите бил 220 литри на метар квадратен.

Во областа се испратени 80 војници и техника кои треба да им помогнат на локалните жители и властите. Училиштата се затворени во три населби. Стотици луѓе се засолнети во спортски објекти и на локалниот хиподром.

Back To Top