skip to Main Content

Националистите „нокаутирани“ на локалните избори во Бугарија – Борисов победник

Националистите „нокаутирани“ на локалните избори во Бугарија – Борисов победник
  • 28.10.2019

Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ останува првата политичка сила во Бугарија, а нејзин најсериозен противник во поголемите градови и се бугарските социјалисти – БСП, покажуваат резултатите од локалните избори.

Најзначајната порака што денеска ја испратија бугарските граѓани, како што објавува БНЕС е дека во бугарското општество нема место за националистичките и популистичките партии, кои не ја освоија власта во ниту еден од поголемите или позначајните градови.

Во Софија, ќе се одржи втор круг од изборите, каде актуелната градоначалничка Јорданка Фандкова од ГЕРБ ќе се соочи со кандидатката на БСП Маја Манолова.

Борисов во првата изјава по изборите рече дека неговата партија е апсолутен победник на изборите и дека со тоа ја зацврстила власта.

Back To Top