skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Напаѓачот од Лос Анџелес идентификуван како поранешен маринец

Напаѓачот од Лос Анџелес идентификуван како поранешен маринец
  • 08.11.2018

Калифорниските власти го идентификуваа напаѓачот што уби 12 луѓе во ноќен клуб во Калифорнија. Станува збор за 28-годишниот маринец Ијан Дејвид Лонг.

Според истрагата, тој пролетта имал епизода на неконтролирано однесување, но надлежните мислеле дека се работи за посттрауматско стресно нарушување како последица на воената служба.

Облечен во црно и со качулка на главата, поранешниот маринец влегол во клубот со димна бомба и пиштоли отворил оган, при што со 30-тина куршуми убил најмалку 12 луѓе и ранил десетина други.

Според локалниот шериф Џеф Дин, постојат сомневања дека веднаш по нападот, Лонг се самоубил во истиот бар. Шерифот раскажал за медиумите дека неговиот оддел бил во контакт со Лонг неколкупати порано и дека во април годинава бил виден како дивее и се однесува нерационално во својот дом.

Шерифот вели дека тогаш бил повикан професионален тим за да ја процени неговата ментална состојба, а заклучокот бил дека Лонг не треба да биде притворен.

Локалните власти велат дека мотивот на нападот сè уште се истражува. Неименуван полициски претставник претходно изјави дека напаѓачот фрлил димна бомба и користел пиштол со калибар 45 додека пукал во барот Таузeнд Оукс, Калифорнија, 65 километри североисточно од Лос Анџелес.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top