skip to Main Content

„Монсанто“ треба да плати 289 милиони долари на лице заболено од рак

„Монсанто“ треба да плати 289 милиони долари на лице заболено од рак
  • 11.08.2018

Американскиот агрохемиски гигант „Монсанто“ треба да му плати отштета од 289 милиони долари на градинар заболен од рак, затоа „што не го информирал за ризиците од користење“ на неговиот хербицид „Раундап“, пресуди суд во Сан Франциско.

Според судот, „Монсанто“ се однесувал „злонамерно“, а хербицидот „значително придонел“ за појава на болеста на градинарот Дивејн Џонсон.

– Овој проблем е поважен од мене. Се надевам дека ќе го добие вниманието што го заслужува – изјави 46-годишниот Џонсон по изрекувањето на пресудата.

Џонсон во тужбата против „Монсанто“ бараше отштета од над 400 милиони долари, тврдејќи дека хербицидот довел до појава на болеста и дека компанијата свесно го прикривала неговото штетно влијание.

Адвокатите на „Монсанто“ најавија жалба на пресудата.

Случајот на Џонсон е еден од неколкуте илјади што се водат против „Монсанто“ пред федерални или државни судови во САД во врска со штетните последици на хербицидот „Раундап“.

Back To Top