skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Мета: Нема изненадување, надминат планот на социјалистичкото гласање

Мета: Нема изненадување, надминат планот на социјалистичкото гласање
  • 01.07.2019

Албанскиот претседател Илир Мета во првата реакција по вчерашните локални избори оценува дека Албанија ја избегнала стапицата за граѓански конфликт и иронизира со фактот дека „не само што се гласало туку бил надминат и планот“.

-Честитки до сите граѓани кои вчера се оддалечија од конфронтација и насилство, со меѓусебно почитување еден кон друг, независно од ставот кон социјалистичкото гласање што го свика премиерот Рама. Албанија избегна стапица за граѓански конфлкт, па искрено им се заблагодарам на сите Албанци дека не се жртви на конфронтативната реторика на неодговорни водачи кои преку поттикнување насилство сакаат да ги сокријат своите скандали и давањето отчет, напиша Мета на Фејсбук.

Тој вчерашното гласање го нарече „социјалистичко“ свикано од премиерот Еди Рама и иронично додава дека треба да измисли ново одликување „Херој на социјалистичко гласање“.

-Што се однесува до надминувањето на планот во социјалистичкото гласање, тука нема никакво изненадување. Сега морам да измислам ново одликување кое верувам со помош на социјалистичкиот парламент ќе биде одобрено, она на „херој на социјалистички гласови“, наведува Мета.

Мета 30 јуни не го призинава како ден на локални избори во земјата, бидејќи откако го одложи овој датум, тој изборите ги презакажа за 13 октомври.

Back To Top