skip to Main Content

Меркел одби да одговори каков и е односот со Трамп, ќе ги негувата трансатланските односи

Меркел одби да одговори каков и е односот со Трамп, ќе ги негувата трансатланските односи
  • 20.07.2018

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека и покрај различните ставови со американскиот претседател Доналд Трамп, односот со САД е од клучно значење за Германија.

– Некој би рекол дека нашите вредности или нашиот невообичаен работен однос се под силен притисок во моментов. Сепак, трансатланските односи се клучни за нас и ние ќе продолжиме да ги негуваме, изјави Меркел на нејзината редовна годишна прес конференција.

Канцеларката одби да одговори на новинарското прашање за тоа „како би го дефинирала својот однос со Трамп“.

За време на самитот на НАТО во Брисел, Трамп жестоко ја критикуваше Германија поради ниското ниво на воениот буџет, како и поради договорот за изградба на гасоводот Северен Поток 2 со Русија.

Меркел денеска ја поздрави средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, и поканата Путин наесен да го посети Вашингтон.

– Треба да биде нормално рускиот и американскиот претседател да може да се среќаваат, изјави Меркел.

Back To Top