skip to Main Content

Меркел за трговските тензии во светот: Европа не е невина

Меркел за трговските тензии во светот: Европа не е невина
  • 02.10.2019

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека Европа не е невина кога станува збор за трговските тензии што ја мачат глобалната економија.

Говорејќи по состанокот со лидерите на мултилатералните финансиски институции, Меркел одби да го обвини исклучиво американскиот претседател Доналд Трамп за забавување на глобалната економија поради неговиот тврд став за трговијата со Кина.

– Немаме со што да се гордееме. Веќе три години преговараме за уреден Брегзит. И тоа ни носи голема неизвесност кога ќе сфатите дека до тој излез (на Велика Британија од ЕУ) треба да дојде на 31 октомври. А луѓето сè уште не знаат како ќе изгледа синџирот за снабдување, рече Меркел.

извор:локално.мк

Back To Top