skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Макрон го зголеми буџетот за прославата на Денот на Бастилја

Макрон го зголеми буџетот за прославата на Денот на Бастилја
  • 14.07.2018

Францускиот претседател Емануел Макрон стави потпис на нов воен буџет пред денешната воена парада која во Париз се одржува по повод националниот празник – Денот на Бастилја.

Новиот буџет за армијата предвидува зголемување на расходите за одбрана на два отсто од БДП, како што му беше ветено на НАТО. Овој потег е долго планиран, а следува после самитот на НАТО во Брисел на кој претседателот на САД, Доналд Трамп ги критикуваше сојузниците дека не издвојуваат доволно пари.

На свеченоста учествуваат борбени авиони кои изведуваат акробации над Париз, а војниците маршираат до Елисејската палата.

Во цела Франција денеска се распоредени 110.000 припадници на безбедносните сили задолжени за сигурност за време на прославата на Денот на Бастилја, откако пред две години во Ница беа убиени 86 луѓе.

Back To Top