skip to Main Content

Македонската и српската царина запленија 53 тони нафта во Белград

Македонската и српската царина запленија 53 тони нафта во Белград
  • 19.09.2018

Царината на Србија, во соработка со македонски царински службеници, во белградското речно пристаниште заплени 53 тони нафта.

Српската Царинска управа информира дека увозникот пријавил оти превезува кондензат за природен гас и масло за сопирачки, со што се обидел да го оштети буџетот на Србија за 5,5 милиони динари (47.000 евра).

Како што јави дописникот на МИА од Белград, нафтата била транспортирана со две цистерни од кои примерокот бил земен на преминот на македонско-српската гранциа во Прешево. Кога цистерните пристигнале во пристаништето во Белград, српските цариници во соработка со македонската царина, направиле анализа на превезуваната стока и на фактурите за стоката декларина во Македонија, кои покажале дека во камионите има нафта.

Против одговорното лице на српската фирма-увозник поднесена е кривична пријава за злоупотреба и лажно претставување на стока која се транспортира со цистерни.

Back To Top