skip to Main Content

Мажот кој го изврши нападот во Париз е роден во Чеченија

Мажот кој го изврши нападот во Париз е роден во Чеченија
  • 13.05.2018

Мажот кој синоќа во центарот на Париз изврши напад со нож и при тоа уби едно лице, а повреди четворица, е роден во Чеченија во 1997 година.  Француските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека напаѓачот има француско државјанство. 

Поради истрагата, родителите на напаѓачот се приведени. По синоќешниот напад, француската полиција го уби напаѓачот. 

Тој извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем) додека го извршувал нападот. 

Back To Top