skip to Main Content

Летовите на аеродромот Гетвик повторно запрени

Летовите на аеродромот Гетвик повторно запрени
  • 21.12.2018

Летовите на аеродромот Гетвик се повторно запрени откако нов дрон бил забележан во близина на аеродромот.

Полицијата и војската продолжуваат да ги бараат одговорните за летовите со беспилотни летала, кои го предизвикаа затворањето на Гетвик.

Сообраќајот на Гетвик, беше запрен во средата вечер откако беа забележани два дрона над пистата, а затворањето на аеродромот погоди десетици илјади патници.

Британската полиција претходно соопшти дека верува дека нема знаци на поврзаност со тероризам.

Back To Top