skip to Main Content

Лавров: САД се обидуваат да ја вовлечат БиХ во НАТО

Лавров: САД се обидуваат да ја вовлечат БиХ во НАТО
  • 02.10.2019

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека САД и некои нејзини европски партнери имаат намера да ја вовлечат БиХ во НАТО.

Лавров во Москва рече дека на тој начин се крши релевантна резолуција на Советот за безбедност на ОН.

– САД и некои водечки држави од Западна Европа бараат одговорните бошњачки и одделни хрватски политички партии да заземат курс за создавање унитарна држава во Босна. Целта е едноставна – да се внесе Босна во НАТО. И за таа цел, тие прибегнуваат кон разни маневри, вклучително и ревизија на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, рече Лавров.

Според Дејтонскиот договор, потпишан на 14 декември 1995 година во Париз, БиХ се состои од два ентитета, Федерацијата на БиХ и Република Српска и округот Брчко.

извор:локално.мк

Back To Top