skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Лавров: САД да се воздржат од употреба на сила во Венецуела

Лавров: САД да се воздржат од употреба на сила во Венецуела
  • 13.02.2019

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија е против употреба на сила во Венецуела.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Лавров во телефонски разговор со Помпео нагласил дека Русија е против какво било мешање во внатрешните работи на Венецуела, вклучително и употреба на сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право“.

Двајцата шефови на дипломатии разговарале и за западните санкции воведени кон Русија поради труењето на рускиот разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, при што Лаворв нагласил дека ваквиот „неоправдан потег“ од страна на Западот само ги влошува меѓусебните односи и атмосферата на глобалната сцена.

Во соопштението се посочува и дека Лавров и Помпео разговарале и за состојбата во Сирија, при што се согласиле дека е неопходен дијалог за импелемтација на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, која се однесува на напорите за постигнување мир во оваа блискоисточна земја.

Back To Top