skip to Main Content

Лабуристите против договорот за Брегзит: Лошо или уште полошо

Лабуристите против договорот за Брегзит: Лошо или уште полошо
  • 25.09.2018

Британските лабуристи, најголемата опозициска партија, соопштија дека во Парламентот ќе гласаат против договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј, наведувајќи дека владата нуди избор меѓу „лошо и уште полошо“.

Пратеникот од Лабуристичката партија Кер Стармер рече дека партијата ќе гласа против договорот каков што го предлага премиерката, бидејќи не ги исполнува нивните шест барања, вклучувајќи ја и заштитата на работниците и пристапот на европските пазари.

Тој додаде дека ако Парламентот го одбие предлогот, треба да се распишат нови избори.

– Ако тоа не е можно, мораме да имаме други опции, рече Стармер на годишната конференција на лабуристите и додаде дека никој не ја исклучува опцијата нов референдум.

Неговата сугестија дека новиот референдум може да ја смени одлуката Британија да излезе од ЕУ, наиде на овации од делегатите.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин долго се противеше на идејата за нов референдум, наведувајќи оти партијата мора да ја почитува одлуката на гласачите, но и тој сега е под притисок да го смени мислењето со оглед на тоа дека Британија треба да излезе од ЕУ 29 март следната година, а преговорите се уште не се завршени.

Се очекува делегатите на Лабуристичката партија подоцна денеска да поддржат компромисен предлог можноста нов референдум да остане отворена опција, но не и директно да го бара.

Back To Top