skip to Main Content

Курц го поддржа Западен Балкан за членство во ЕУ

Курц го поддржа Западен Балкан за членство во ЕУ
  • 19.11.2018

Австрија ги поддржува стремежите на земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц по работната средба која денеска во Виена ја имаше со владини функционери од Западен Балкан.

– Ние сметаме дека Европската унија може да биде целосна само ако земјите од Западен Балкан се дел од ЕУ. Затоа ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон Евросојузот и вниманието ни е свртено особено кон тој регион за време на претседателството со ЕУ, рече Курц.

Тој информира дека учесниците на средбата ги разгледале начините за решавање на регионалните конфликти и развојот на економските врски.

– Стабилноста во Европа до голем степен зависи од стабилноста и безбедноста во тој регион, истакна Курц.

Австрискиот канцелар денеска во Виена организира средба на премиерите на земјите од Запаен Балкан, на која ќе присуствуваат и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.

Македонскиот премиер Зоран Заев го откажа учеството на средбата во Виена поради актуелните политички случувања во земјата, и Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

Back To Top