skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Се интензивираат кампањата и подготовките за референдумот на 30 септември
Иванов нема да гласа на референдумот
Селцас: Договорот од Преспа ќе помине и покрај национализмите од двете страни
Нова група американски волонтери пристигнува во Македонија
Протести во Германија пред посетата на Ердоган
Тереза ​​Меј: Британија ќе остане ладнокрвна во преговорите за Брегзит
Бенон: Ултрадесничарските патриоти се новата елита на Европа
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; BOOM

Кремљ: Лондон има право да побара да ги испраша осомничените за труењето во Велика Британија

Кремљ: Лондон има право да побара да ги испраша осомничените за труењето во Велика Британија
  • 14.09.2018

Русија е подготвена да го разгледа барањето од британските истражни органи да пристигнат и да ги испитаат двајцата мажи, обвинети за труењето на поранешниот руски шпион во Солсбери, изјави портпаролот на Кремљ.

Велика Британија ги обвини Александар Петров и Руслан Боширов минатата недела за обид за убиство на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, со нервен агенс „Новичок“, создаден во советско време.

Двајцата го преживеаа нападот во Солсбери на 4 март, но, еден локален жител подоцна почина откако најверојатно имал контакт со отровот.

Петров и Боширов се појавија вчера на руската телевизија „Раша тудеј“  и рекоа дека го посетиле Солисбери како туристи и немаат никаква врска со труењето. Тие го негираа тврдењето на Велика Британија дека се соработници на руската воена разузнавачка служба, велејќи дека се занимаваат со бизнис за храна.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин Дмитриј Песков денеска рече дека руските власти ќе го разгледаат барањето на  Велика Британија тие да бидат испрашани, ако постои такво. Тој додаде дека Велика Британија во неколку наврати ги одбила руските предлози за спроведување заедничка истрага.

– Постои механизам за правна помош регулиран со билатералните спогодби и меѓународното право, им рече Песков на новинарите, додавајќи: „Ако добиеме официјално барање од Лондон, тоа сигурно ќе биде разгледано од страна на руската страна, строго во согласност со законот”.

Тој додаде дека „од самиот почеток Русија ја истакна својата подготвеност да соработува во разјаснувањето на околностите на она што се случи во Солсбери и откривањето на сторителите”, но „британската страна категорично ја отфрла таквата соработка”.

– Обвинувањето кон Русија, по изјавите на двајцата руски граѓани, е апсурдно. Тие се обични граѓани. Тие немаат никаква врска со руската влада, забележа Песков пред новинарите,  откако Лондон го нарече интервјуто на двајцата „лага”.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант вчера изјави дека телевизиската изјава на двајцата Руси, кои наликуваат на мажите обвинети од Лондон за труењето во Солсбери, е измама.

„Време е да се стави крај на лажните телевизиски изјави – светот е свесен дека Русија стои зад тоа”, напиша Хант на Твитер.

Двајцата Руси, на руската државна телевизија, изјавија дека отишле во Лондон како туристи и го посетиле британскиот град Солсбери за да ја разгледаат катедралата.

Песков рече дека уште немал време да го гледа интервјуто и не знае дали Путин го гледал. Тој не сакаше да каже, колку време им требало на руските власти да ги пронајдат двајцата мажи и рече дека Кремљ нема никаква врска со организирање на интервјуто со нив.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top