skip to Main Content

Косовското прашање, гасна војна и руското исклучување од интернет – анализа во Студио 1

Косовското прашање, гасна војна и руското исклучување од интернет – анализа во Студио 1
  • 13.02.2019

Во отвореното Студио 1, Јана Јосифоска зборуваше со новинарот Дејан Андоновиќ за најновите случувања во регионот и светот. Андоновиќ прво се осврна на Косово и ставот на косовската влада дека таксите кон Србија остануваат сѐ додека Белград не се согласи да ја признае незнавиноста на земјата.

-САД сакаат да го затворат косовоското прашање. Кога го скенираа провлемот првиот проблем беше во владата на Харадинај, кој сакајќи да направи поени меѓу лугето се спротистави и дојде до политичка криза во Косово. Тој одбиваше да ги укине таксите. Вашингтон се закани дека ќе воведе санквции, не дава поддршка за формирање на косовоската армија и трето е денешната изјава на столтенберг кој рече дека косовските безбедносни сили не смеат да одат во севернот на косово без дозвола на КФОР. Гледам одлучност на Вашингтон, Брисел, ми се чини приближување на ова прашање со Москва. Сите инситуции сакаат да го затворат ова прашње и веројатно ќе дојде до размена на територии, анализира Андоновиќ.

Зборуваше и за гасната војна меѓу САД и Русија.

-Во моментов САД ја губат гасната војна. Во Југостична Европа се наоѓа Попмео во обид ги убеди Полска, Чешка Унгарија да не ја прифатат изградбата на турскиот ток за продавање на руски гас во Европа. Орбан го одби тоа и рече дека ќе се приклучи на тој турски ток. Словачка и Унгарија одбиваат, Чесите се согласија на тоа. Испаѓа дека ова е економски и политички удар кон САД, вели Андоновиќ

Андоновиќ се осврна и на веста дека Русија ќе го укине глобалниот интернет и ќе воведе локален.

-Очигледно нешто се подготвува западните медиуми ја нарекоа он-лајн студена војна. Веста е дека Русија планира да го исклучи глобалниот интернет да го тестира својот бидејќи стравува од западни сајбер напади и сметам дека можеби Русија ќе се соочи со огромни санкции, рече Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top