skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Косово ја одбележува 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО

Косово ја одбележува 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО
  • 12.06.2019

Со низа свечености, на кои покрај државниот врв ќе присуствуваат и високи гости од странство, Косово денеска ја одбележува 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во земјата, со што беше ставен крај на војната од 1998-99 година.

Прославата на овој ден, кој Косово го слави како ден на ослободувањето, ќе започне во 11 часот со пригодна програма на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.

Во 14 часот ќе се одржи „Поворката за мир“, на која покрај домашните лидери ќе учествуваат и гости од земјите сојузнички на Косово, меѓу кои и поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон и неговата најблиска соработничка, тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, како и тогашниот командант на НАТО, Весли Кларк.

Поворката ќе заврши на плоштадот „Олбарјт“, на местото каде што во оваа прилика свечено ќе биде откриена бистата на поранешната американска државна секретарка, а потоа, во 15 часот ќе се посети и статуата на Клинтон, која се наоѓа на истоимениот плоштад и булевар во центарот на Приштина.

Околу 50 илјади припадници на копнените сили на Алијансата, на денешен ден пред 20 години, влегоа во Косово, откако три дена претходно во Куманово беше потпишан воено-техничкиот договор со војската на тогашна СР Југославија и Косовската полиција, што го означи и крајот на 78-дневната воздушна кампања на НАТО против СР Југославија и повлекувањето на српските сили од Косово. Околу девет години подоцна, во февруари 2008, Косово прогласи независност, која досега ја имаат признаено околу 100 држави во светот.

Back To Top