skip to Main Content

Косово: Заедницата на српските општини да нема извршни овластувања

Косово: Заедницата на српските општини да нема извршни овластувања
  • 04.04.2018

Заменик претседателот на Асоцијацијата на косовски општини, Џафер Гаши смета дека Заедницата на српските општини не треба да има извршни овластувања и дека треба да биде во рамки на законите и Уставот на Косово.

– Мислам дека ова е најсигурниот пат и најдобар за создавање на таа асоцијација, смета Гаши.

Тој вели дека ЗСО треба да личи на НВО, како што е случај со Асоцијацијата на косовските општини.

Албанците ЗСО ја нарекуваат Асоцијација на општини со српско мнозинство.

Back To Top