skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Комерсант“: „Турски поток“ ќе минува низ Бугарија и Србија

„Комерсант“: „Турски поток“ ќе минува низ Бугарија и Србија
  • 22.11.2018

Руската компанија „Газпром“ донесе одлука гасоводот „Турски поток“ да ја продолжи својата траса низ Европа преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка, тврди московскиот весник „Комерсант“.

Според весникот, првите испораки на гас за Бугарија и Србија би почнале во 2020 година, а во Унгарија рускиот енергенс би почнал да пристгиува една година подоцна.

Со ова „Газпром“ од 2022 година во целост ќе ја запре дистирбуцијата на „синиот енергенс“ преку Украина, додава московскиот весник.

Според „Комерсант“, на овој начин би се добил гасовод, кој речиси е идентичен со „Јужен поток“, чија изградба „ја спречи Европската унија во 2014 година под притисок на САД“.

– Сепак, овој пат ќе биде драстично потешко да се влијае за прекин на проектот, бидејќи „Газпром“ во целина ги почитува законите на Европската унија, оценува весникот.

„Комерсант“ додава дека во план е приклучување и на Грција кон гасоводот, но оти засега не е најјасно како ќе биде изведено сето тоа.

– Се претпоставува дека Грција ќе се приклучи на кракот преку Бугарија или пак ќе го замени азребејџанскиот гас со руски по завршувањето на изградбата на „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП), што исто така е планирано за 2020 година, наведува „Комерсант“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top