skip to Main Content

Коен и Манафорт – две неодмолчени бомби за Трамп

Коен и Манафорт – две неодмолчени бомби за Трамп
  • 22.08.2018

Двоен удар доживеа американскиот претседател Доналд Трамп откако суд  прогласи за виновни двајца негови блиски соработници – поранешниот адвокат Мајкл Коен и поранешниот шеф на претседателската кампањата, Пол Манафорт, две различни надлежности во два различни предмета.

Мајкл Коен, поранешен личен адвокат на Трамп, се изјасни за виновен за осум точки од обвинението –  за даночни и банкарски измами и прекршување на законот за финансирање на изборната кампања во Њујорк пред федерален судија во Менхетен.

Адвокатот призна дека платил 130.000 долари и 150.000 долари на две жени кои тврделе дека биле во врска со Доналд Трамп во замена за молчење „по барање на кандидатот”. Целта била да се избегне ширење информации „што би му наштетиле на претседателскиот кандидат”.

Тоа признание е вистинската бомба за Трамп кој на крајот победи на претседателските избори во 2016 година.

Иако порнографските актерки Бура Даниелс и Карен Мекдугал, познати по нивните сесии за списанието Плејбој, и двете кои тврдеа дека имале врска со Доналд Трамп во средината на 2000-та, биле познати, Трамп досега негира какво било дело спротивно на законот во тие афери

Удар за Трамп е поинтензивен бидејќи доаѓа од човек од доверба за претседателот кој повеќе од 10 години работеше за њујоршкиот магнат со недвижности. Коен во американската јавност бешр примен како човек „кој може да прими куршум“ за шефот, но на крај, иако понекогаш нарекуван и „питбул“, – одлучи да го напушти.

Коен беше продолжи да го советува претседателот и по изборите.

Против него се водеше федерална истрага со месеци поради можна измама поврзана со неговите компании. Во април, ФБИ ја пребара хотелската соба, куќата и канцеларијата на Коен и заплени повеќе од четири милиони документи.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 12 декември и судијата одреди кауција од половина милион долари.

Речиси во исто време суд во близина на Вашингтон го прогласи за виновен Пол Манафорт, поранешен шеф на кампањата на Доналд Трамп, за банкарска и даночна измама.

Таа одлука беше симболична бидејќи е првото судење со резултат од руската истрага предводена од специјалниот обвинител Роберт Малер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година и сомневањата за договор помеѓу тимот на Трамп и Кремљ.

По речиси четири дена разгледување, поротата го  прогласи Манафорт за виновен по две од девет точки од обвиненијата за банкарски измами, сите пет обвиненија за даночна измама и едно од четирите обвиненија за прикривање сметки на странски банки.

Во другите десет точки од обвинението поротата не успеа да постигне консензус.

Манафорт (69) беше осуден за два од најтешките случаи на банкарски измами, и за секој од нив е предвидена казна затвор до 30 години.

Адвокатот на Манафорт, по судењето, изјави дека неговиот клиент бил разочаран од пресудата и размислувал за понатамошни правни чекори.

Судењето на Манафорт, поранешен републикански консултант, се базира на истрагата на специјалниот претставник на Роберт Малер за улогата на Русија на американските избори во 2016 година, но пресудата е само делумна победа за Малер кој се смета за  главен критичар на американскиот претседател.

Манафорт работеше пет месеци за предизборната кампања на Трамп, за време на клучното трчање во претседателската трка во САД.

Обвинувањата за Манафорт воглавно се однесуваат за период пред да работи во кампањата на Трамп.

Обвинителите го обвинија дека од американските даночни служби скрил 16 милиони долари заработени како политички советник на проруски политичари во Украина и потоа лажел банки за да обезбеди кредит од 20 милиони долари откако му пресушил изворот на приходи од Украина.

Трамп се обиде да се дистанцира од Манафорт по пресудата нагласувајќи дека сето тоа нема врска со него.

– Се чувствувам многу лошо поради Пол Манафорт. Јас во тоа не сум вмешан. Продолжува ловот на вештерки, наведе американскиот претседател.

Следните 11 недели би можеле да бидат најтензични во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, која досега изгледаше како циркус, оценува Вашингтон пост.

Во тие 11 недели, кои Вашингтон пост ги наведува дека може да бидат најтензични можни се најголеми последици. Трамп го очекуваат бројни предизвици меѓукои најопасен е случајот против неговиот поранешен личен адвокат Мајкл Коен.

Специјалниот советник Роберт Малер наскоро може  да поднесе нови обвиненија или дури да објави финален извештај за руската вмешаност во кампањата на Трамп.

Трамп, најверојатно, ќе продолжи да го укинува пристапот до доверливи документи на своите критичари од разузнавањето, што ќе предизвика уште поголема осуда од страна и на Демократската партија и на Републиканската партија, како и се поголемо споредување  со Ричард Никсон.

Back To Top